Close Menu
Press24
    Најново

    „Дојче банк“ призна: Соработката со Џефри Епштајн беше нашата најголема грешка

    09.02.2026 во 21:05

    Драматично предупредување од Хавана: Куба од утре останува без гориво за авиони

    09.02.2026 во 20:57

    Сведоштво од Киев: 20 часа без струја на -20 степени

    09.02.2026 во 20:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • „Дојче банк“ призна: Соработката со Џефри Епштајн беше нашата најголема грешка
    • Драматично предупредување од Хавана: Куба од утре останува без гориво за авиони
    • Сведоштво од Киев: 20 часа без струја на -20 степени
    • Томовски: Ни треба нов авион – стариот често се расипува
    • Со велосипед удрило во дрво: Дете од Штип итно е пренесено на скопските клиники
    • Седница на ИО на СДСМ: Шукова доби нова позиција во партијата
    • Ристески: И покрај утрешните протести организирани од ССМ – јас ќе бидам на работното место
    • ЕУ става крај на фрлањето облека: Забрането уништување на непродадените производи
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Во Центар одлучуваат граѓаните, во вторник заедно го креираме буџетот за наредната година

    Герасимовски: Во Центар одлучуваат граѓаните, во вторник заедно го креираме буџетот за наредната година

    27.10.2025 во 09:46
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на првиот буџетски форум за 2026 година, кој ќе се одржи во вторник, 28 октомври, во ООУ „Киро Глигоров“ со почеток во 19.30 часот.

    Овој форум претставува можност граѓаните активно да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет, да даваат предлози и иницијативи со што ќе придонесат за подобар и поквалитетен живот во општината.

    „Заедно со граѓаните, во изминатите четири години реализиравме голем број успешни и квалитетни проекти, а така ќе биде и во наредните четири години. Ги поканувам граѓаните со своите предлози, идеи и размислувања да се вклучат во дефинирањето на приоритетите што ќе придонесат за развој на локалната самоуправа,“ порача Герасимовски.

    На буџетскиот форумот ќе учествуваат раководителите од општинската администрација, претставниците на месните и урбани заедници, претставници на невладиниот сектор, и сите жители што сакаат да учествуваат во планирање на општинскиот буџет.

    Општина Центар останува посветена на процесот на вклучување на граѓаните во донесување на клучните одлуки, со цел да се обезбеди транспарентност и отчестност, но и за да се задоволат реалните потреби на заедницата.

    „Ги поканувам сите центарци да присуствуваат на форумот. Гласот на граѓаните е важен, секоја иницијатива е добредојдена, бидејќи сите заедно сме одговорни за животот во нашата општина,“ додаде Герасимовски.

    Популарно

    Ќе нема струја до 14:30 часот – ЕВН најави исклучувања во повеќе општини

    09.02.2026 во 09:35

    Метео предупредување за ноќеска и утре: Обилни врнежи од дожд во текот на ноќта, најкритично во југоисточна Македонија

    09.02.2026 во 16:47

    Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници

    09.02.2026 во 18:07

    Драма на Попова Шапка: Ученици на екскурзија се обиделе да го ограбат манастирот „Св. Наум“

    09.02.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.