Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Општинската организација на Црвениот крст – Центар и Сојузот на пензионери на Општина Центар, доделија хуманитарни пакети со прехранбени производи на пензионерите со ниски примања кои живеат во општината.

Оваа акција е дел од континуираните заложби за поддршка на највозрасните граѓани и обезбедување помош таму каде што е најпотребна.

„Наша должност е да бидеме тука за нашите сограѓани на кои им е потребна поддршка. Оваа пракса на доделување помош ќе продолжи и во иднина, а соработката со Црвениот крст дополнително ќе ја зголемуваме преку нови проекти и услуги, ставајќи го интересот на повозрасните граѓани на прво место,“ изјави градоначалникот Герасимовски.

Преку оваа заедничка иницијатива, Општина Центар и партнерските организации потврдуваат дека грижата за социјално ранливите категории останува врвен приоритет, со план за уште поинтензивни активности во периодот што следи.

Exit mobile version