Герасимовски со младите и пензионерите: Животните вештини се учат со срце и се паметат засекогаш

 


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети Здружението на пензионери, каде ученици од седмо одделение на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ се дружеа и соработуваа со повозрасните и Активот на жените пензионерки.

На работилницата која се одржа, учениците имаа можност да учат традиционални вештини како шиење, изработка на ракотворби и подготовка на домашни рецепти.

„Денеска бев сведок на нешто навистина убаво, генерации од различни времиња, обединети во почит и блискост. Нашите ученици учеа како се шие, како се прават пити и слатки, но уште поважно, учеа што значи трпение, љубов и создавање дом со душа. Ова не се само вештини, ова се животни вредности“, истакна Герасимовски.

Овој настан е дел од поширокиот проект што Општина Центар го поддржува во сите основни училишта на општината. Проектот е во насока на наставната програма за изборниот предмет „Вештини на живеење“, порано познат како „Домаќинство“. Целта е да се пренесат вредни животни вештини на учениците, кои не само што ќе им бидат корисни во секојдневниот живот, туку ќе помогнат во градењето на мост меѓу генерациите.

„Проектите што ги спроведуваме преку меѓугенерациска соработка се многу важни. Преку вакви дружења и хуманитарни базари, создаваме хармонична и емпатична средина за младите и постарите“, порача Герасимовски.

14.04.2025 - 13:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега