Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Сè повеќе семејно насилство во Македонија

    03.03.2026 во 19:51

    Трамп уверува: Цените на нафтата ќе паднат под рекордното ниво по војната во Иран

    03.03.2026 во 19:38

    Хаос на Заливот: Силни експлозии во Дубаи, Абу Даби и Доха по напади на Иран

    03.03.2026 во 19:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Сè повеќе семејно насилство во Македонија
    • Трамп уверува: Цените на нафтата ќе паднат под рекордното ниво по војната во Иран
    • Хаос на Заливот: Силни експлозии во Дубаи, Абу Даби и Доха по напади на Иран
    • Албански медиуми: Иран најавил можен напад врз кампот на Муџахедините во Албанија
    • Се огласија од Армијата: Најдовме дрога кај војник
    • Татко ја натепал сопствената ќерка: И извадил и нож, при што сам се повредил поради невнимателност
    • Две девојчиња се степале во училиште во Чаир
    • Руте ја посети и Армијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче

    Герасимовски: Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче

    14.10.2025 во 10:04Updated:14.10.2025 во 10:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Во разговорите со центарци, тој најави дека во новата програма надоместокот за новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари.

    „За 50% го зголемуваме надоместокот за новороденче, од 7.000 на 10.000 денари. Со оваа мерка ги поддржуваме центарските семејства.. Родителите добиваат поголема финансиска поддршка во најважниот период, кога се раѓа нов живот и започнуваат нови семејни предизвици. Ги зголемуваме субвенциите за сите категории на граѓани“, рече Герасимовски. 

    Тој, потенцираше дека развојот мора да продолжи, а концептот „За Центар што го сакаме“ е единствениот што нуди поквалитетен живот на центарци. 

    „Развојот мора да продолжи, а тоа ќе го постигнеме ако сите заедно се обединиме „За Центар што го сакаме“. Затоа, ве повикувам во недела, 19 октомври, масовно да излеземе на гласање и да го дадеме својот глас за бројот 5, за напредени модерен Центар“, порача Герасимовски.

    На средбите со граѓани, тој ги презентираше и клучните проекти за вториот мандат, меѓу кои: модерен дом за стари лица на Водно, нова градинка во близина на Клиничкиот центар, набавка на две цистерни и пет метларки, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на метежот, изградба на две монтажни катни гаражи, нов административно-граѓански објект, два покриени базени, како и воведување на „Центарска картичка“ со бројни поволности и попусти за жителите.

    „Во изминативе години покажавме што значи одговорно и посветено водење на општина. Реализиравме проекти што го подобрија секојдневието, уредивме улици, зголемивме зеленило и создадовме подобри услови за младите и повозрасните,“ рече Герасимовски.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    Хаос во касарната во Петровец: Припадник на Армијата фатен со марихуана во ранецот

    03.03.2026 во 14:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.