Герасимовски: Нова фасада и реконструкција на целиот покрив во градинката „13 Ноември“

 

Во завршна фаза е поставувањето енергетски ефикасна фасада во должина од речиси 1.500 квадратни метри и реконструкција на целата покривна површина, информира градоначалникот Горан Герасимовски, кој беше на увид во градежните активности во градинката „13 Ноември“, објект „Јасмин“, до Полициската станица Беко.

„90 % од градежните зафати на покривната површина на покривот на градинката објектот ‘Јасмин’ се веќе готови. Станува збор за реконструкција на целата покривна површина. Истовремено, работиме и на поставување енергетски ефикасна фасада. Во моментот поставени се изолација и подлога и се работи на поставување топлотна изолација на фасадата за зголемување на енергетската ефикасност. По завршување на фасадата, останува уште да се изработат завршните работи и опшивките на покривот“, изјави Герасимовски

Претходно, во градинката беа реконструирани сите тоалети. Целта на Општина Центар е да обезбеди квалитетен престој и функционални детски градинки. Со целосна реконструкција на фасадата и покривот на градинката Општина Центар решава уште еден голем проблем и истовремено обезбедува уште подобри услови за престој на децата.

24.03.2023 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега