Герасимовски: Избрзана е одлуката на градоначалникот Костадин Костадинов за напуштање на ЗЕЛС

 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 говореше за актуелните теми кои деновиве постојано ја брануваат јавноста, а во една прилика се обрати и за работата и начинот функционирање на Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

Како што истакна тој, иако е свесен за можните притисиоци и политички влијанија, сепак, потенцираше дека одлуката на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, за напуштање на ЗЕЛС е избразана.

-Верувам дека работата на градоначалникот е отежната, можеби има и политички влијанија и притисоци, но одлуката за напуштање на ЗЕЛС е избрзана. Проблемот со питката вода за пиење во Струмица е евидентен и сигурен сум за притисокот кој се чувствува од граѓаните, но сметам дека пред да се донесе конечна одлука претходно е неопходна координација, состанок и решавање на проблемите на маса, рече Герасимовски.

26.10.2024 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега