Герасимовски: Цистерната на ЈП ПОЦ започна и со ноќно миење на улиците

 

На температури кои надминуваат 40 степени цистерната на ЈП ПОЦ освен наутро започна да ги мие улиците и навечер. Градоначалникот на Општина Центар смета дека освежувањето на жешкиот асфалт и миењето на прашината е исклучително важно за граѓаните и пешаците, а миењето во ноќните часови ја отстранува насобраната нечистотија и штетните бактерии и вируси особено покрај контејнерите кои на високи температури брзо се размножуваат. Вчера вечер цистерната ги миеше улиците Козара, на Водно и во населба Пролет.

„Цистерната на ЈП ПОЦ секојдневно е активна уште од раните утрински часови но сега истата започна да ги мие улиците и наводнува садниците и во ноќните часови. Миењето на улиците е сериозно важно на овие екстремно високи температури затоа што ќе ја мие нечистотијата и вирусите и бактериите околу контејнерите. Воедно хигиеничарите секојдневно на различни локации собираат смет се со цел да се одржува јавната хигиена но и да се зачува здравјето на граѓаните особено на најранливите“, вели Герасимовски.

Покрај миењето и освежувањето на улиците на високите температури општинската организација Црвен Крст секој ден од 11 до 15ч им дели вода на минувачите и граѓаните на автобуските станици. Заштитата на населението е примарна задача за Општина Центар затоа одржувањето на хигиената особено во најтоплите месеци ќе продолжи и во наредниот период.

17.07.2024 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега