Гази Баба доделува 500.000 денари за помош на Турција и Сирија

 

Советот на општина Гази Баба донесе одлука за определување на финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија.

„Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба на која на мој предлог, едногласно Советот донесе Одлука за определување на финансиска помош во висина од 500.000 денари за настраданото население во Турција и Сирија.
И благодарам на претседателката на Советот Дијана Илиевска за итното прифаќање на моето барање и свикување на седницата за краток рок.
На почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадовме почит на загинатите во земјотресот.
Гази Баба ќе продолжи да помага! – напиша Стефковски.

08.02.2023 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега