Првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска пред судот емотивно се осврна на трагедијата, изјавувајќи дека не може да поверува што се случило и дека секоја ноќ ја преживува таа трагична ноќ, поминувајќи девет месеци во „четири ѕида“.

Со сериозна вознемиреност во гласот, Јованов го бранеше начинот на кој раководел со објектот:

„Водев клуб каде се сибираа сите млади и моите деца, зарем сериозно мислите дека доколку би знаел дека фали нешто не би презел сè за да се отстрани навреме. Во тој клуб имам пораснато десетици генерации, сите што ме познаваат знаат колку се грижев за безбедноста на сите гости во клубот.“

Тој упати искрено сочувство до родителите и семејствата на починатите и повредените, нагласувајќи дека и неговото семејство е погодено од трагедијата.

„Од срце и душа сакам да им изразам сочувство до сите родители кои имаат починати деца, затоа што ја знам нивна болка и тага, затоа што и во нашата фамилија имаме починато и повреден член и ја носиме истата болка што и вие ја носите,“ рече Јованов.

Exit mobile version