Гатачки мамат жени во Штип и Кочани: За растурање магии земаат злато

Две жени од Штип и Кочани биле измамени од гатачки, а случаите ги пријавиле вчера.

Како што информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, првата измама се случила на 3 март откако две лица дошле во дворот на штипјанката (50) и под изговор дека знаат да гледаат, ја довеле во заблуда и ѝ одзеле златен накит.

Вториот случај се случил вчера во 16 часот во Кочани. Измамената 66 годишна жена пријавила дека женско лице  дошло во нејзиниот дом и под изговор дека знае да растура магии, ја довело до заблуда. И во овој случај е одземен златен накит.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега