Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска упати срдечни честитки до граѓаните и институциите на Република Косово по повод Денот на независноста. Во својата порака, Гаши го истакна значењето на овој празник како момент на национална гордост и потсетник на жртвите поднесени за градење на државата.
Гаши потенцираше дека односите меѓу Република Северна Македонија и Република Косово се одлични и дека двете земји продолжуваат да го градат своето партнерство врз силни историски и општествени врски.
„Независноста на Косово претставува триумф на слободната волја на граѓаните да изградат демократска, праведна и европски ориентирана држава“, истакнува првиот човек на Собранието во честитката.


