Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, на денешната средба со амбасадорот на Република Австрија ги истакна пријателските односи помеѓу двете земји и се заблагодари за подршката на Австрија на интегративниот пат на нашата земја во Европската Унија.
Амбасадорот Памер, во контекст на одличните односи помеѓу двете држави, го информираше претседателот за проект кој ќе го унапреди културното поврзување меѓу двете држави. Амбасадор истакна дека за вакви големи проекти е потребна поддршка од највисоките институции, вклучително и од Собранието.
Претседателот истакна дека ги поддржуваа проектите кои ја унапредуваат соработката и ги продлабочуваат односите на билатерално ниво и оттука Собранието е на располагање да го поддржи проектот.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните политички случувања кај нас и во светот, како и за процесот на европската интеграција.
Актуелно
- Христова: Со регионалните центри за услуги граѓаните ќе добијат брзи и ефикасни административни услуги
- Томовски: Во план е заедно со Град Скопје да ја модернизараме жичницата до Водно
- Томовски: Го легализиравме имотот на државата
- Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка?
- Димитриеска-Кочоска: Нашиот пристап е јасен и двонасочен – силна поддршка на приватниот сектор и навремено сервисирање на обврските
- Да му помогнеме на Методија: Татко на две дечиња кој се бори со карцином на желудник
- Маричиќ: ДИК ќе продолжи да биде столб на изборите – ќе обезбедиме непристрасност
- Професорката Тања Каракамишева стана советничка на Мицкоски

