Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши поддржува електронско гласање на дијаспората: Треба да се стремиме за Изборен Законик кој ќе значи фер гласање

    Гаши поддржува електронско гласање на дијаспората: Треба да се стремиме за Изборен Законик кој ќе значи фер гласање

    06.07.2026 во 13:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Идејата за воведување на електронско гласање, која директно би го олеснила изразувањето на волјата на македонската дијаспора, денеска доби силна социјална и политичка поддршка од првиот човек на законодавниот дом.

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, јавно ги повика координаторите на пратеничките групи да ги надминат партиските ровови и да постигнат компромис за Изборниот законик, со цел да им се овозможи на иселениците модерен и безбеден начин на изјаснување.

    Оваа реформа, која беше дел и од политичката програма на партијата Алтернатива, според Гаши е логичен чекор во ера кога сите останати граѓански процеси веќе се целосно дигитализирани.

    • „Јас сум за електронско гласање, дури и сум и кај нас да се овозможи електронско гласање, но не знам кога би било тоа така. Тоа е мое лично мислење“, истакна Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

    Тој потенцираше дека ваквата пракса веќе успешно функционира во неколку странски држави и дека не постои реална техничка пречка за нејзино воведување и во македонскиот изборен систем, доколку се заштити гласот на иселениците.

    • „Во неколку земји таа практика е функционална и има позитивни примери за тоа. Ако веќе плаќаме сметки преку банка, средства уплаќаме и се е електронско… Прашав и неколку ИТ експерти дали може да се обезбеди приватност и безбедност во гласањето, ми тврдат дека тоа може да се направи, но за тоа треба политичка волја“, порача претседателот на Собранието.

    Според него, крајната цел на реформите мора да биде создавање на Изборен законик кој ќе гарантира фер и еднакви услови за сите граѓани, без разлика каде се наоѓаат.

    • „Ние треба да се стремиме кон тоа да овозможиме таков Изборен законик кој ќе ни овозможи граѓаните да гласаат фер, демократски и волјата на граѓаните да се изрази преку изборите. Тоа е смислата на демократијата“, дециден е Гаши.
    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.