Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во својата новогодишна честитка испрати силна порака за единство и меѓусебна доверба. Тој им посака на граѓаните здравје, мир и љубов, но потсети и на клучната лекција од годината што изминува.

„Оваа година нè потсети на една суштинска вистина: дека одржливиот напредок не произлегува само од процеси и реформи, туку од единството, зрелоста за градење консензус и меѓусебната доверба. Само кога стоиме заедно… можеме да изградиме поправедна и посветла иднина за сите нас“, истакна Гаши.

Тој повика новото поглавје во 2026 година да започне со отворено срце и верба во потенцијалот на општеството.

Exit mobile version