Close Menu
    Најново

    Две жени истепале маж кој им работел во дворот

    17.11.2025 во 23:53

    Само во Белгија: Баба дрво пијана ја возела својата внука – остана без возачка

    17.11.2025 во 23:38

    Уапсени три лица – полицијата им најде дрога

    17.11.2025 во 23:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Две жени истепале маж кој им работел во дворот
    • Само во Белгија: Баба дрво пијана ја возела својата внука – остана без возачка
    • Уапсени три лица – полицијата им најде дрога
    • Хорор во Нигерија: Од интернат киднапирани 25 девојчиња
    • Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
    • ФСБ спречи обид за атентат врз висок руски функционер со експлозија скриена во вазна со цвеќе
    • Со возило се обидел да удри полицајци
    • Палестинци платиле 2.000 долари за да избегаат од Газа – Јужна Африка отвора истрага
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

    Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

    26.09.2025 во 17:22
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во Собранието денеска се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот на Собранието Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.

    На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши ги поздравил присутните и го честитал Меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакнал дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.

    -Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат. Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта, се наведува во соопштението.

    Во однос на политичката застапеност, како што се посочува во соопштението, ја повториле иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат. 

    Популарно

    Два авиони кружат над скопското небо – не можат да слетаат

    17.11.2025 во 19:29

    Генерал предупредува: Се подготвува вооружен напад против Полска

    17.11.2025 во 19:20

    СДСМ исклучи советник од членство – гласал за претседател на Совет

    17.11.2025 во 19:24

    Германска полиција застрела 12-годишно девојче со српско државјанство

    17.11.2025 во 19:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.