Гаревски: Според бучавата земјотресот беше скопски, а ризикот од штети е еднаков на нула

Земјотресот што денеска го почувствуваа граѓаните не е во никаква корелација со земјотресот што неодамна се случи во близина на Маврово, во Леуново, а беше со јачина од 4,9 степени по Рихтер, кажа за „А1он“, Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

Тој вели дека станува збор за нормална сеизмичка активност и дека иако Европскиот медитерански сеизмички центар во првите неколку минути го лоцирал земјотресот во Косово, тој е од скопското трусно подрачје.

„Според бучавата која се слушна неколку секунди пред потресот, сметам дека се работи за земјотрес од скопското епицентрално подрачје. Магнитудата му е меѓу 3,4 и 3,9 степени според Рихтер и ризикот од ваков земјотрес е нула, односно освен вознемиреност кај граѓаните, не треба да предизвика други штети“, вели Гаревски за „А1он“ и додава дека по сумирањето на податоците ќе се покаже дека земјотресот настанал на скопското подрачје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега