Close Menu
Press24
    Најново

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ГАЛЕРИЈА) Нови 34 питомци дадоа свечена заклетва на Воената академија во Скопје

    (ГАЛЕРИЈА) Нови 34 питомци дадоа свечена заклетва на Воената академија во Скопје

    22.10.2026 во 13:583 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Денеска е еден од оние денови кои што се паметат цел живот. Ден кога со гордост, пред сите нас, пред своите семејства и пред татковината, ја дадовте заклетвата со која  презедовте една од најголемите одговорности со која што може да се носи еден млад човек а тоа е да и служи на својата татковина“, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски кој денеска на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се обрати по повод свечената заклетвата која ја дадоа 30. класа питомци.

    На свеченоста на која присуствуваше началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, високи претставници од Министерството за одбрана и Армијата, претставници на воено – дипломатскиот кор, родители и роднини на питомците, министерот Мисајловски посочи дека воената професија бара силна физичка подготвеност, психолошка издржливост, дисциплина. Тој додаде дека со максимална посветеност во наредните четири години питомците ќе научат да носат одлуки кои ќе бидат клучни во заштитата и безбедноста на државата и со тоа да ја оправдаат довербата кај граѓаните. „Затоа, учете и усовршувајте се. Бидете тим, почитувајте се меѓусебно и никогаш не заборавајте дека силата на Армијата не е само во способностите на поединецот, туку и во единството и довербата меѓу нејзините припадници“ нагласи Мисајловски.

    На денешната свеченост присуствуваа и питомците од Босна и Херцеговина, на кои министерот Мисајловски им посочи дека нивното присуство на Воената Академија е потврда дека Академијата е место на знаење, меѓународна соработка и взаемна доверба. „Вашето заедничко образование е многу повеќе од размена на знаења. Тоа е инвестиција во меѓусебната доверба, во пријателството и во регионалната безбедност“, рече Мисајловски.

    Деканот на Воената академија, полковник Ненад Танески, се осврна на заклетвата и вредностите кои се значајни за секој питомец кој ја избрал офицерската професија како свој животен пат и им порача нивниот личен интерес секогаш да биде пред должноста.

    „Пред вас се години на учење, воена обука, предизвици и лични победи. Ќе се подготвувате да станете офицери што ќе умеат да размислуваат, да одлучуваат и да ги водат луѓето со личен пример. Но запомнете: добриот офицер не се препознава само по тоа како командува, туку и по тоа како се однесува кон луѓето што му се доверени“, истакна деканот Танески .

    Тој им се заблагодари на министерот Мисајловски и Началникот на Генералштабот, генералот Лафчиски за значајните исчекори во полето на модернизација и опремување на Армијата,  обновувањето на воената инфраструктура како и за подобрувањето на условите во кои живеат, работат и се обучуваат припадниците на Армијата.

    „За нас, на Воената академија, од особено значење е што во овие развојни процеси се препознава и важноста на образованието, обуката и создавањето нови генерации офицери. Поддршката што ја добиваме ни овозможува да ги унапредуваме условите за работа и да градиме Академија подготвена да одговори на современите потреби на Армијата“, рече деканот на Воената академија.

    Оваа година на Воената академија како дел од 30-та генерација, запишани се 34 питомци од кои 28 (20 мажи и 8 жени) за потребите на македонската Армија  и 6 (4 мажи и 2 жени) за вооружените сили на Босна и Херцеговина.

    Прочитај повеќе

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.