Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги демантира наводите на СДСМ дека исплатата на породилниот надоместок доцни 30 дена. Ирфан Лимани, директор на Секторот за комуникации на ФЗО, објасни дека исплатата е континуиран процес кој трае во текот на целиот месец, а не се врши истовремено.

Лимани истакна дека не е можно доцнење од 30 дена од страна на Фондот.

„Доколку има доцнење тоа е поради доцнење на пријава или на исплата на плати кај работодавачот“, посочи Лимани.

Тој појасни дека процесот е поврзан со работодавачот: УЈП доставува информации за платените придонеси до ФЗО дури откако работодавачот ќе исплати плата. Потоа, ФЗО ги обработува податоците, ги доставува до УЈП за подготовка на МПИН, и дури потоа почнува континуираната исплата.

Најголем дел од надоместоците се исплаќаат од 10 до 20 во тековниот месец.

Exit mobile version