Фудбалерот на Италија ужива во љубовната врска со манекенката: Велат дека е најубавата девојка на ЕВРО 2020

Поголемиот дел од репрезентативците уживаат во среќни врски или бракови со млади убавици, но нам особено интересна ни е љубовта на италијанскиот репрезентативец Марко Верати и неговата избраничка.

Верати, кој моментално игра за ПСЖ, веќе две години е во врска со француската манекенка Џесика Аиди, а убавицата му е голема поддршка во текот на шампионатот.

Таа била на трибините речиси на секој натпревар, а нејзините фотографии во италијанскиот дрес ја освоија јавноста и ги воодушевија навивачите.

Џесика и Марко се запознале во 2019 година во некој париски ресторан во кој тогаш таа работела како келнерка, а набрзо потоа славниот Италијанец ја раскинал врската со долгогодишната партнерка Лаура.

Но, во последните две години згодната 29-годишна девојка работела на својата манекенска кариера, па ја напуштила работата како келнерка и запливала во светот на моделингот.

Атрактивната Французинка набрзо почнала да добива бројни понуди, а красела и насловна страница на популарниот магазин „Sports Illustrated“.

Госпоѓица Аиди на социјалната мрежа Инстаграм е многу популарна и таму има речиси 350 илјади следбеници, а публиката секојдневно ја радува со фотографиите кои ги споделува.

Таа има витка и затегната фигура, често добива комплименти на Инстаграм, а многумина тврдат дека е „неверојатно убава“ и дека има „магична насмевка“.

08.07.2021 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа