Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови

    29.10.2026 во 08:07

    Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови

    29.10.2026 во 08:01

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
    • Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фронтекс регистрира голем пад на илегалните влезови во ЕУ

    Фронтекс регистрира голем пад на илегалните влезови во ЕУ

    10.09.2026 во 23:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граничната агенција на ЕУ, Фронтекс, во првите осум месеци од оваа година регистрираше значително помалку неовластени гранични преминувања на надворешните граници на Европа отколку во истиот период во 2025 година, соопшти денеска агенцијата, пренесе ДПА.

    Фронтекс регистрираше повеќе од 74.000 нерегуларни влезови, што претставува пад од 35 отсто во споредба со истиот период минатата година, соопшти агенцијата од нејзиното седиште во Варшава.

    Фронтекс соопшти дека падот на речиси сите главни миграциски рути се должи на актуелната  соработка со земјите-партнери и превентивните мерки што се преземаат во главните земји на потекло на мигрантите.

    Меѓутоа, Фронтекс признава дека во извештајот не е земен во предвид големиот премин на мигранти од Мароко до шпанската енклава Сеута на крајот на јули.

    Конечната вкупна бројка веројатно не може да се утврди, соопшти агенцијата, бидејќи повеќето од оние што ја преминале границата се вратиле во Мароко пред да бидат регистрирани.

    Според шпанската Влада, околу 80.000 луѓе привремено влегле во енклавата кон крајот на јули. Мароко го процени бројот на пристигнати на околу 40.000. Во обидот да стигнат до Сеута загинаа 83 лица. Инцидентот предизвика дебата за заштитата на надворешните граници на Европската Унија и одговорностите на Шпанија.

    Извори од Фронтекс изјавија дека иако ситуацијата на надворешните граници на ЕУ во текот на летото беше мирна, Сеута покажа дека дури и мирна гранична ситуација може да се промени во рок од неколку часа.

    Шверцерските мрежи не исчезнаа кога се намали бројот на мигранти, забележа агенцијата. Напротив, шверцерите на луѓе едноставно ја чекаат следната можност. Тоа е токму моментот кога Фронтекс треба да биде подготвен, наведуваат изворите.

    Според податоците на Фронтекс, главните миграциски рути продолжуваат да се движат преку Средоземното Море, кое мигрантите се обидуваат да го поминат со брод. Источната медитеранска рута од Турција до Грција и централната медитеранска рута од Либија и Тунис до Италија и Малта заедно сочинуваат речиси 60 отсто од регистрираните нерегуларни влезови. 

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.