Вчера во 23:01 часот во ОВР Кичево е пријавено дека едно лице фрлило шише со запалива течност во куќен двор, сопственост на Н.Р. од Кичево. Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од сопственикот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Exit mobile version