Close Menu
    Најново

    Фрчковски: 51 тендер и 16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО

    12.01.2026 во 11:35

    Владо Бучковски стана бизнисмен

    12.01.2026 во 11:24

    Мицкоски: Со инвестиција близу 30 милиони евра до подобар живот во Неготино 

    12.01.2026 во 11:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Фрчковски: 51 тендер и 16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО
    • Владо Бучковски стана бизнисмен
    • Мицкоски: Со инвестиција близу 30 милиони евра до подобар живот во Неготино 
    • ЕП до Техеран: Престанете со насилство, почитувајте слобода и достоинство
    • (ВИДЕО) Пробал да шверцува цигари: На Стар Дојран го фатиле со 5.050 штеки
    • ВИДЕО: Погледнете што се случи пред бугарската амбасада во Скопје
    • Смрзнувачка во цел регион
    • Вреди: Албанците зборуваа со еден глас, 10 општини за промени – имм честитаме на Лимани и Шабани
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Фрчковски: 51 тендер и 16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО

    Фрчковски: 51 тендер и 16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО

    12.01.2026 во 11:35
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба, нов скандал за сомнителни тендери. Преку дигиталната платформа МИЦКО.мк до АКТ граѓани доставија нови информации за фирмата за која веќе еднаш говоревме и кои денеска ќе ги објавиме.

    Стаува збор за „Пирамид билдинг солушнс“. Фаворит, за добивање тендери по општините под контрола на ВМРО, изјави на денешната прес-конференција Јон Фрчковски од ИО на СДСМ.

    Од 2022 година, периодот од минатите локални избори до денеска, оваа фирма во општините под контрола на ВМРО има добиено 51 тендер.

    51 тендер! Вредни неверојатни 16 милиони евра!

    Едни исти омилени фирми блиски до ВМРО добиваат милионски тендери за многу краток период, кои не можат да се добројат.

    Само од општина Аердором оваа омилена фрима има добиено 22 тендри. Од Гази Баба 10, но и од Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија…секаде каде градоначалниците се од ВМРО.

    Низа на тендери финансирани со средства од унгарскиот кредит исто така завршиле кај оваа фирма.

    Додека парите завршуваат кај фирми блиски до власта, граѓаните плаќаат и тоа со камата.

    Последниот тендер, во декември 2025 година е со Град Скопје.

    Веднаш по седнување на Орце Ѓорѓиевски во фотељата, оваа омилена фирма на власта добива тендер вреден 320.000 евра.

    Кога седна Орце во градоначалничката фотеља кога добија тендер.

    Ова е уште еден пример како власта си дели тендери по свој терк.

    Свиркачите коишто ни ги доставија информациите преку дигиталната платформа МИЦКО.мк наведуваат дека брачни другари на високи финкционери во ВМРО биле дури и на платен список на оваа компанија, преку договори за дело.

    Овие информации ги истражуваме и дополнително ќе ги објавиме. АКТ ќе го разоткрие целиот систем за испумпување на парите на граѓаните.

    Сега на сите во Македонија им е јасно зошто земјата намерно се држи во изолација?

    Еве зошто.  За пари.  За криминални тендери.

    Јавното обивнителство, Финансиската полиција, ДКСК дали уште ќе молчат или конечно ќе преземат нешто за скандалите кои ги објавува СДСМ?

    Ние секојдневно ќе ги прозиваме.

    Ова е нов случај со 51 тендер и 16 милиони евра! А немаме одговори за скандалите со 161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга, 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ од Пошти. Еден месец нема никаква реакција

    На сите треба да им биде јасно дека ќе се одговара!

    Одговорност ќе има, кога тогаш.

    Работата не е завршена!, додаде Фрчковски.

    Популарно

    Македонија мрзне: Утрово измерени -16 степени

    12.01.2026 во 09:37

    Ригорозниот закон за пушење објавен на ЕНЕР – јавноста може да критикува и да пофали

    12.01.2026 во 09:01

    Ова се победниците на вчерашните повторени избори во четири општини

    12.01.2026 во 09:05

    Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат јајцата

    12.01.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.