Close Menu
    Најново

    Апсење на Ќафасан: Албански државјанин се обидел да потплати полицаец

    22.12.2025 во 13:37

    Мортус пијан радовишанец направил сообраќајка: Со над 2 промили алкохол и со нерегистрирана „корса“ се забил во паркиран автомобил

    22.12.2025 во 13:35

    Драма во Центар: Со остар предмет и се заканувал на сопругата, па го нападнал и сопствениот син

    22.12.2025 во 13:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Апсење на Ќафасан: Албански државјанин се обидел да потплати полицаец
    • Мортус пијан радовишанец направил сообраќајка: Со над 2 промили алкохол и со нерегистрирана „корса“ се забил во паркиран автомобил
    • Драма во Центар: Со остар предмет и се заканувал на сопругата, па го нападнал и сопствениот син
    • Филмска заседа кај Јурумлери: Со две возила му го попречиле патот, па го претепале со тврди предмети
    • Хаос на аеродромот во Единбург: Авион на „Рајанер“ удри во цистерна со гориво, патниците евакуирани
    • РКЕ со добри вести за возачите: Гориваат повторно поевтинуваат
    • Аларм за возачите во Македонија: Густа магла на патиштата, видливоста намалена на 30 метри
    • Метео предупредување: Нов влажен бран носи дожд и снег во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат

    Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат

    22.12.2025 во 11:48
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пред конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

    Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

    Денес ја свикав оваа вонредна прес-конференција за конечно и јасно да одговорам на она што ДПНЕ веќе со денови го пласира во јавноста, рече на денешната прес-конференција Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор од редовите на СДСМ.

    Пред сè, сакам да ви објаснам зошто го прават тоа.

    По изгласувањето на Резолуцијата со која наводно се брани власта од дезинформации всушност се забранува вистината и слободата на говорот. Вакви работи правел Хитлер во времето на Третиот рајх, посочи Фрчкоски.

    „Темата „мигранти за пари“ очигледно многу ги боли.

    Измислуваат кривични пријави, па дури и се закануваат со апсења по изгласувањето на Резолуцијата.

    Бидејќи на сите во Македонија им е јасно дека постои таен договор, една непристојна понуда за мигранти што ветува пари, за да можат да продолжат со тендери како што се: 161 тендер. 161, само почнете да броите до 161… во вредност од 5,3 милиони евра, доделени на фрима во врска со Томовски, со неговиот телефонски број, неговиот татко, дедо…

    На крај, да завршат со иплати за донации во ВМРО-ДПМНЕ.

    9 милиони евра за друга фирма, со две вработени лица, формирана лани.

    Трета фирма со милиони евра тендери за само два месеци, поврзана со студент на Мицкоски.

    Алта банка и врските со СНС на Вучиќ кои ги има ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Фрчкоски.

    Фрчкоски нагласи дека ова е само почеток на откривањето на сите криминално-корупциски шеми и афери на ДПМНЕ.

    „Покрај сите податоци до кои дојде АКТ, нашата платформа Micko.mk секојдневно прибира нови информации. Граѓаните ни се приклучија во оваа борба против корупцијата и криминалот.

    Откако поднесовме пријави за овие предмети, настана паника. Знаат дека ќе одговараат.

    Затоа Мицкоски брза со „реформи“ во правосудството, за целосно да го стави под свои канџи целото судство и обвинителство.

    Веќе 20 дена чекаме одговор. Сè уште го нема. Вршат притисоци преку медиумите, а веројатно и преку свои други канали.

    Мицкоски не може да дозволи неговиот најдобар пријател да биде обвинет, затоа што знае дека постапката ќе стигне и до него.

    Ова е кристално јасно. Ова и децата го гледаат.

    Одеднаш почнуваат да излегуваат вести за СДСМ, за наводни тендери со кои СДСМ нема никаква врска. На секоја вест ни го лепат ДУИ.

    Ова нивното е чист дефокус. Да постоеше нешто реално, одамна ќе реагираа. Сега ова е нивен сензационализам со цел да ги прикријат двете главни теми:

    „Мигранти за пари“ и забраната на слободата на говор со изгласаната Резолуција, по примерот на Декретот од Третиот рајх.

    И сега да се вратам на причината поради која ве повикав“, рече Фрчкоски.

    Фрчкоски вели дека ДПМНЕ, во рамки на својата кампања „Дефокус“, објавува негови фотографии и текстови за него, а во сето тоа го споменуваат и неговиот татко, кој нема никаква врска со ова.

    „Следно што можеме да очекуваме е да ми ја таргетираат целата фамилија.

    Она што е важно да им го објаснам на граѓаните на Македонија е: дали знаете кога го објавија тоа?

    Токму после денот кога јас држев прес-конференција поврзана со трагедијата во Кочани.

    Дали сега гледате зошто го направија тоа? За да ја дефокусираат јавноста од трагедијата за која имаат одговорност.

    Сетете се на изјавата на Мицкоски: „Ако се докаже дека обезбедувањето има врска со ДПМНЕ, ќе поднесам оставка.“

    И што се случи? Секако, не поднесе оставка, како што не поднесе никој околу него. Тие немаат образ, а за срам никогаш не чуле.

    Она што се случи, се случи еднаш, и тоа пред 5 години, а не сега или пред неколку месеци како што тие лажно го прикажуваат. Може да се види на фографијата колку сум помлад, послаб.И за тоа веднаш ја презедов целосната одговорност.

    За разлика од нив, за кои имаме куп материјали, јас веднаш излегов јавно и ја презедов одговорноста.

    Дали некој од нив тоа го направи? Не. По сите нивни криминални афери, барем еден да се понесеше како човек и да преземеше одговорност. Никој.

    Тоа е разликата меѓу мене и нив.

    Со она што се случи ги повредив само моите најблиски – моите родители, моето семејство, децата.

    Ним ова најтешко им падна, а мене ми е искрено жал. Ниту еден граѓанин не беше загрозен на каков било начин, освен моите најблиски. Бев млад…

    Благодарен сум за нивната поддршка, која ми даде дополнителна сила и желба да бидам подобар, повреден и да се докажам како добар човек со интегритет.

    На последниот Извршен одбор, претседателот и моите колеги од Централниот Одбор ми дадоа нова шанса, затоа што знаат дека сум борец и дека работам за партијата деноноќно.

    За тоа сум им неизмерно благодарен и нема да ги разочарам.

    За оваа тема зборувам последен пат. Нека тие ја повторуваат уште сто пати. Вистината ќе победи.

    За крај, имам порака до ВМРО:

    АКТ ВИ ДИШЕ ВО ВРАТ!

    Борбата започна и нема да застане додека не ја ослободиме Македонија од криминалот и корупцијата.“, потенцираше Фрчкоски.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Снег за новогодишната ноќ во Македонија

    22.12.2025 во 11:12

    Трамп ја повлекува Агелер: Македонија дел од големата „чистка“ на американските амбасадори

    22.12.2025 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.