Фрчеа казни низ Скопје: Полицијата санкционираше 181 возач

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, па така вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерки.

Најмногу казни беа изречени за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, а осум за минување на затворен сигнал – црвено светло, информираат од полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од МВР.

17.06.2022 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега