Фрчеа казни на сите страни: Полицијата за три часа изрече 215 санкции за брзо возење

 
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска од 7.00 до 10.00 имаше засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија, при што се санкционираа возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
 
Во акцијата биле санкционирани се 215 возачи, а од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место, информираат од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
05.08.2022 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега