Французинот се кае поради навредите кон Новак: „Јас сум никој и ништо да го критикувам Ѓоковиќ“

Некогашниот француски тенисер Жан Франсоа Кожол, се кае поради низата критики на сметка на најдобриот тенисер на светот - Новак Ѓоковиќ.

„Новак ме потсетува на приказната за вавилонската кула во која што луѓето сакаа да се воздигнат како високи богови.

Постои впечаток дека Ѓоковиќ мисли за себе дека е над одредени закони на природата. Има словенска страна која што е и мистична и со парола ''непобедлив сум''“ - изјавил Кожол во своето прво обраќање.

Една недела подоцна тој се кае поради неговите зборови:

„Има смисла да го критикуваме тоа што се случи во Задар. Меѓутоа, не требаше да одам толку до крајност со критиките на сметка на Ѓоковиќ. Јас сум никој и ништо да го критикувам него.

Тоа е вистината, затоа што имаме многу заеднички работи. Јас исто така сум обожавател на личен напредок, така што искажувам каење поради тоа што го изјавив претходно. Можете да кажете дека јас мислам дека Новак е просветлено човечко суштество“ - започнал Кожол.

„И понатаму е јасно дека во Хрватска беше направена грешка, но на светскиот ''број 1'' не би требало поради тоа да му судат. Јас го направив тоа упатувајќи остри критики на неговата личност, а себеси си велам дека не сум таков. Затоа сакав ова да го соопштам“ - заклучил Французинот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега