Француските медиуми: Уапсен 18-годишник кој планирал напад за време на Олимписките игри

Француски Ле Паризиен“ и некои други локални медиуми објавија дека вчера во пошироката област Бордо е уапсен маж кој планирал напад за време на Олимписките игри.

Француската антитерористичка полиција за „Ројтерс“ го потврди апсењето во југозападна Франција околу Бордо. Таа изјави дека е уапсен 18-годишник, кој имал намера да изврши напад или напади, но не потврди како биле планирани на местото на настанот и за време на Олимписките игри.

„За време на процесот на верификација, на околу пет илјади лица им е забрането да присуствуваат на Олимписките игри, а за повеќе од илјада од нив е изречена целосна забрана“, изјави францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, кој додаде дека се спроведуваат најстрогите можни мерки во пресрет на Олимписките игри в петок и свеченото отворање на 33. Олимписки игри.

„Проверени се сите олимписки волонтери, работници и сите други лица вклучени во Олимписките игри. Досега извршивме повеќе од милион безбедносни проверки и продолжуваме да работиме на безбедноста на целото натпреварување“, рече Дарманин.

24.07.2024 - 15:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега