Францускиот предлог веројатно денеска на пладне ќе биде усвоен од Владата

Иако „Францускиот предлог“ официјално не е меѓу точките од дневниот ред за денешната владина седница, сепак, големи се шансите пред самиот старт на седницата предлогот да биде ставен на одлучување. Според првичните информации, Шарл Мишел ќе седи меѓу министрите на денешната седница па за очекување е токму пред него, министрите од Владата на Ковачевски да го усвојат предлогот против кој во моментов течат протести пред Владата.

„ Ве информираме, денеска, 5.7.2022 година (вторник) ќе се одржи 58-та седница на Владата на Република Северна Македонија.
По одржувањето на седницата, со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение.“ – стои во краткото соопштение испратено од Владата.

Според планот, по денешната седница на Владата, се очекува предлогот да биде ставен и на гласање во Собранието на седницата која веројатно ќе се одржи во четврток.

05.07.2022 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега