Франција заплени 1,3 тони кокаин

Француските власти на пристаниште на северот на земјата заплениле 1,3 тони кокаин сокриен во контејнер полн со кесички ориз од Јужна Америка.

Неименуван извор за француските медиуми истакнал дека во Франција ретко се запленува повеќе од тон дрога, а овој случај е рекорд на Данкерк.

Царинарниците дрогата ја откриле во понеделникот, но засега никој не е уапсен. Истрага ја врши полицијата од Лил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега