Франција и официјално ја започна масовната програма за новововедениот воен рок, нудејќи им на младите шанса да станат дел од воената моќ на земјата. Сите заинтересирани на возраст од 18 до 25 години веќе можат да аплицираат онлајн или во регионалните центри за копнената војска, воздухопловството или морнарицата.
Програмата нуди атрактивни услови – месечен надомест од 800 евра за доброволците кои ќе се одлучат да поминат десет месеци во униформа. Првата фаза вклучува едномесечна интензивна основна обука, по што следуваат девет месеци во воена единица каде регрутите ќе ги извршуваат истите задачи како и професионалните војници.

