Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Заврши реконструкцијата на „8-ми Септември“, во салите веќе нема да се влегува со чадор

    13.05.2026 во 12:45

    Манасиевски: Филипче призна дека позициите на СДС се исти со тие на Бугарија

    13.05.2026 во 12:42

    Не било волк туку куче: Сопственикот си го бара назад, посочуваат од АХВ

    13.05.2026 во 12:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Заврши реконструкцијата на „8-ми Септември“, во салите веќе нема да се влегува со чадор
    • Манасиевски: Филипче призна дека позициите на СДС се исти со тие на Бугарија
    • Не било волк туку куче: Сопственикот си го бара назад, посочуваат од АХВ
    • Николовски за сослушувањето во Единицата за економски криминал: Ова е монтиран случај
    • (ВИДЕО) Милошоски: Ислам Абази го затвори случајот „Мазут“ за да ги спаси СДС и ДУИ, потребна е итна оставка
    • Претрес во Тетово: Полицијата приведе 61-годишник, пронајдена прашкаста материја
    • Ученици од Драчево во посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски
    • УХМР со најнова прогноза: Температурите ќе паднат до 4 степени, за викендот невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра

    Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра

    22.09.2025 во 18:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Француската царинска служба заплени 1,5 тони кокаин, чија пазарна вредност се проценува на 36 милиони евра, јави денеска весникот „Паризиен“, повикувајќи се на париското обвинителство.

    Дрогата, спакувана во 30 пакети во вреќи, била откриена на 18 септември во камион запрен во градот Тур, во регионот Долина на Лоара. Камионот се движел кон департманот Ивелин, во регионот Ил де Франс. Зад воланот бил 53-годишен холандски државјанин, кој е уапсен и против кого е отворена истрага.

    Операцијата била изведена по дојава од француското Министерство за финансии, кое претходно добило информација за пратка наркотици испратена од Шпанија за Холандија преку Франција.

    Француските власти укажуваат дека во последните години е зголемено количеството на запленета дрога, особено од пратки што преку Шпанија пристигнуваат од јужноамериканските наркокартели. Често се користат транспортни компании кои наркотиците ги кријат меѓу легални стоки. 

    Прочитај повеќе

    Нови правила за патување со миленици во ЕУ: Што сè ви е потребно за преку граница

    13.05.2026 во 11:44

    Аларм во Германија: Автомобилската индустрија ќе изгуби 225.000 работни места до 2035 година

    13.05.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.