(ФОТО+ВИДЕО) Го сметаат за божество во Индија: Заробен во тело на бебе – има 27 години и 59 сантиметри
Манприт Синг е уникатен маж кој ина 27 години, висина од само 59 см и тежок е девет килограми.
И покрај изгледот, Манприт Синг е роден во 1995 година. Овој млад Индиец од Пенџаб дојде на овој свет со многу ретка состојба, која му го запре растот на 6-месечна возраст, правејќи го да изгледа како 2-годишно бебе.
Изненадувачки, за разлика од многу други лица со физички предизвик во Индија, Манприт се смета за бог и е обожуван од селаните. Луѓето доаѓаат од сите страни за да го сретнат, дури и да го допрат, мислејќи дека тој е реинкарнација на хинду бог.
Семејството на Манприт е многу сиромашно и никогаш не можело да си дозволи детални здравствени прегледи кои точно би ја утврдиле неговата состојба.
Но, со оглед на неговата градба, големи раце, големи стапала и полабава кожа, веројатно овој Индиец боледува од Ларонов синдром.
Луѓето кои страдаат од оваа ретка генетска болест не можат да произведуваат хормони за раст. Лекарите од целиот свет ја дадоа истата дијагноза од далеку, откако слушнаа како другите зборуваат за случајот на Манприт.
Покрај физичките ефекти, неговата состојба го спречила да се развие психички. На 27 години, младиот човек сè уште има ментална возраст како бебе и не може да зборува. Комуницира само преку крик и плачење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа