Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО+ВИДЕО) Кузеска: Срамно, ИПАРД блокиранa а Трипуновски праќа празни страници наместо одговори

    (ФОТО+ВИДЕО) Кузеска: Срамно, ИПАРД блокиранa а Трипуновски праќа празни страници наместо одговори

    23.11.2025 во 12:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две недели по мега-скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Трипуновски бега од одговорност, бега од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори, рече на денешната прес-конференција Богданка Кузеска – портпаролка од редовите на СДСМ.

    Еве што пратил Трипуновски на официјалното писмено барање за информаци со ИПАРД скандалот.

    Погледнете го овој срам, вели Кузеска.

    „Нема ниту збор за причините, нема ништо за времетраењето на суспендирањето на средствата од ИПАРД, нема ниту информација за планираните чекори за надминување на овој сериозен проблем.

    Едно големо ништо. Трипуновски праќа општи законски рамки, цитати од регулативи и процедури што се одамна познати и не даваат одговор на клучните прашања што ги засегаат земјоделците.

    Овој дрзок начин е директна навреда, исмејување на 3.000 нови бизниси, на 10.000 потенцијални нови работни места, ова е потценување на штета од 130 милиони евра.

    Понижување на луѓето кои обезбедуваат храна за оваа држава, кои учествуваат во развојот на целокупната економија, но и семејства кои егзистираат од земјоделство“. истакна Кузеска.

    Кузеска посочи дека суспензијата на над 130 милиони европски пари не е некоја административна формалност, туку сериозен удар врз илјадници земјоделци и компании кои се потпираат на поддршката од ИПАРД.

    „Со ова сокривање на информации, Трипуновски го загрозува системот на поддршка кон земјоделците и ја продлабочува штетата што ја претрпуваат.

    Овие луѓе, кои што земале кредити за инвестиции, се задолжиле, имаат право да знаат до кога ќе трае суспензијата и кој ќе им ја покрие штетата од задоцнетите исплати.

    Човек кој јавно кажува дека не чувствува одговорност за ваков мега-скандал во неговиот ресор и во неговиот мандат не може да биде министер и да води ресор.

    Но, јасно е зошто Трипуновски избегнува и медиумски соочувања и зошто не дојде ниту на пратенички прашања: разобличен е, нема веќе како да се одбрани и да ги заштити вмешаните во скандалот кои бесрамно посегнаа по парите на земјоделците.

    СДСМ нема да отстапи од барањето за целосни и транспарентни одговори кои земјоделците ги очекуваат и од барањето одговорност.

    А Трипуновски, најмалку што може да направи, е да си даде оставка. Министер кој крие информации од земјоделците, кој не чувствува одговорност за ресорот што го води, нема кредибилитет да биде министер за земјоделство“, нагласи Кузеска.

    https://www.youtube.com/watch?v=irOPwLge2vs
    Прочитај повеќе

    Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

    21.10.2026 во 19:30

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.