(ФОТО) Верижна сообраќајка во Скопје - се судрија пет автомобили во центарот на градот

Пет автомобили во миг се удрија на улицата 11 Октомври во центарот на Скопје, кај поранешен ЗОИЛ. Верижната сообраќајка се случи на тргнување по вклучено зелено светло на семафорот на крстосницата, пренесува Сакам да кажам.

Според СДК, се слушале 4 секавични удари, се дигнала бела прашина од воздушни перничиња. Сите лица излегле од удрените автомобили, стоеле во редица фатени за глава.

Во сообраќајната несреќа нема повредени и се чека да дојде полиција да изврши увид на лице место. Фотографијата од сообраќајната несреќа може да ја погледнете ТУКА

26.09.2022 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега