ФОТО: Ужасна глетка во Белград - маж пронајден мртов во стан, неговиот син се хранел со неговото тело

Веста дека син седум дена го јадел мртвиот татко во нивниот семеен стан во Белград ја шокираше цела Србија.

Имено, белградската полиција после пријавата на станарите вчера пронашла распарчен труп на маж во стан во Белград.

Како што информираат српските медиуми, соседите неколку дена се обидувале да стапат во контакт со починатиот маж, затоа што во зградата се ширела неподнослива миризба која излегувала од станот.

Кога полицајците влегле во станот, го затекнале синот на покојниот, кој инаку се криел, во запуштено издание и делувал изгубено.

Набрзо се дознало дека мажот бил психички болен, па откако таткото починал, немал што да јаде и преживувал хранејќи се со местото од татко му.

Итно бил пренесен на инфективната клиника, каде ќе му бидат направени сите потребни тестови.

Телото на покојникот било испратено на Институтот за судска медицина, каде ќе биде утврдена точната причина за смртта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2020 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега