ФОТО: Уништен споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје

Во текот на ноќта оштетен е споменикот на Гоце Делчев кој се наоѓа во градскиот парк во Скопје, јави Сител.

Непознати сторители со боја и спрејови, го исшкртале  постаментот на споменикот, а оштетен е и плочникот пред спомен обележјето.

Од МВР велат дека се уште трагаат по сторителите и се работи на расчистување на случајот.

Изминатите денови во градскиот парк беа украдени и Бистите на Вапцаров и Неделковски од градскиот парк. Во саботата ноќта исчезна и спомен бистата на Невена Ѓорѓиева Дуња од училишниот двор во Кисела Вода.

Полицијата работи на расчистување на сите овие инциденти

05.10.2022 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега