(ФОТО) Трипуновски: Се случи хаварија, Росоман и Градско останаа без вода за наводнување

 

Денеска бев на лице место на цевководот Макарија каде што во текот на вчерашниот ден се случи хаварија на системот за наводнување, односно над 4500 хектари земјоделско земјиште од општините Росоман и Градско остана без вода за наводнување“, информира преку социјалната мрежа Фејсбук, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Она што постојано апелираме, дека власта изминативе години не води грижа за системите за наводнување и го доведоа до пропаст АД Водостопанство резултира со крах на системите за наводнување. Оваа хаварија е резултат на заспаноста и негрижата на министерот Николовски и целата Влада.
Ги повикувам Владата и МЗШВ да ги ангажираат сите расположливи ресурси и уште денес да се започне со санација на оваа хаварија бидејќи земјоделците ќе останат без вода, односно ќе претрпат сериозни штети и загуби и со тоа се доведува во прашање нивната егзистенција“, порача Трипуновски.

28.05.2023 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега