Од Територијалната Противпожарна Единица во Крива Паланка, информираат за сообраќајна несреќа во која морале да интервенираат и да го вадат повреденото лице од автомобилот.
Според податоците, несреќата се случила вчера, 09.07.2026, на улицата „Партизанска” во Крива Паланка.

-По примена дојава за настаната сообраќајна незгода на ул.Партизанска со 1 противпожарно возило и 3 пожарникари пристапивме со вадење на повреденото лице по што беше предадено на Итната Медицинска Помош, стои во соопштението на Територијалната Противпожарна Единаца Крива Паланка.
Засега не се познати повеќе детали за тоа како дошло до несреќата и каква е состојбата на повреденото лице.