ФОТО: Српската филмска дива на 65 години позира сосема гола на плажа

Филмската дива Мирјана Карановиќ објави фотографија од плажа на Инстаграм каде позира целосно гола.

За фотографијата, српската актерка се свртела кон заоѓањето на сонцето и ги кренала рацете. Карановиќ напишала дека не ја средила фотографијата во фотошоп, ниту со помош на филтер.

Објавата, која досега собра повеќе од 6.000 лајкови, ја коментираат многу следбеници на актерката.

„Покажи им на младите какво тело има жената во зрелите години“, „Оваа жена е магична“, „Секоја чест на витата линија“, „Најубавата жена“, „Sвезда“, ѝ напишаа нејзините придружници, а воодушевени се и нејзините помлади колешки , актерки.

Актерката ја одржува линијата со напорни тренинзи, а неодамна на Инстаграм сподели видео од еден тренинг. На оваа социјална мрежа, актерката сака да се пофали и со резултатите од напорните вежби.

Карановиќ, инаку, е позната по тоа дека е нудист и ги сака нудистичките плажи.

Инаку, актерката освои многу актерски награди во својата кариера, а гледачите ја паметат по улогите во филмовите „Убавината на порокот“, „Добрата жена“ и „Венецот на Петрија“ и по серијата „Убијците на татко ми“.

 

Нецензурираната фотографија можете да ја погледнете ТУКА.

 

26.07.2021 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега