ФОТО: Сопружници си ја пробале среќата да изнесат 16 илјади долари, ама не им успеало

 

Царински инспектори од мобилен тим на Секторот за контрола и истраги спречија обид на двајца сопружници нелегално да изнесат од државата девизи во вредност од 16 илјади долари.  
„Сопружниците, инаку македонски државјани, на излез од државата на граничен премин Богородица на прашање од страна на мобилни инспектори дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо.

При извршена детална контрола на возилото во предната касета биле пронајдени 16 илјади долари. Согласно Законот за девизно работење на двете лица им се вратени по 2.100 долари, а останатите 11.800 се привремено одземени.
По земање на изјави од патниците, против возачот е поднесена пријава за девизен прекршок“, соопштија од Царинската управа.
„Ги известуваме граѓаните дека при излез од државата можат да носат ефективни странски пари во износ од 2 илјади евра по лице. Доколку изнесуваат девизи во износ од над 2 илјади евра, должни се да ги пријават на царинскиот орган со презентирање на потврда од овластена банка или менувачница. Девизи во вредност од над 10 илјади евра не е дозволено да се изнесуваат“, додаваат оттаму во соопштението испратено до медиумите.

03.04.2024 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега