Close Menu
Press24
    Најново

    Измама во Тетово тешка илјадници франци: Нарачал материјали за Швајцарија, па „заборавил“ да ги плати

    18.03.2026 во 14:59

    Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими – објавени и компаниите од кои граѓаните ќе можат да набават уреди

    18.03.2026 во 14:55

    Перински во Гевгелија и Богданци: Над 300.000 евра за нов туристички центар во Серменин

    18.03.2026 во 14:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Измама во Тетово тешка илјадници франци: Нарачал материјали за Швајцарија, па „заборавил“ да ги плати
    • Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими – објавени и компаниите од кои граѓаните ќе можат да набават уреди
    • Перински во Гевгелија и Богданци: Над 300.000 евра за нов туристички центар во Серменин
    • Нов ужас во Кисела Вода: Скопјанец тепал сопруга и малолетна ќерка со тврд предмет
    • Избран нов државен јавен обвинител: Ненад Савески ја доби довербата од пратениците
    • Тренчевска: Власта го претвора обвинителството во своја „продолжена рака“
    • (ФОТО) Скопје се чисти: Градоначалникот Ѓорѓиевски најави нов пристап во одржувањето на хигиената
    • Хаос во Македонска Каменица: Пијан тракторист удрил во „Пасат“, па побегнал од местото
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Скопје се чисти: Градоначалникот Ѓорѓиевски најави нов пристап во одржувањето на хигиената

    (ФОТО) Скопје се чисти: Градоначалникот Ѓорѓиевски најави нов пристап во одржувањето на хигиената

    18.03.2026 во 13:362 Mins Read
    default
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на територијата на град Скопје започна широка и координирана пролетна акција за генерално чистење, со цел унапредување на јавната хигиена и заштита на животната средина.

    Акцијата започна во општината Кисела Вода, а во неа се вклучени екипи од повеќе јавни претпријатија. Од Комунална хигиена интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат отпадот, вклучително и неправилно одложениот смет. Водовод и канализација спроведува перење на улиците и јавните површини, додека Паркови и зеленило работи на уредување и одржување на зелените површини. Воедно, Улици и патишта поставува метални столпчиња со цел спречување на узурпацијата на тротоарите и јавниот простор.

    Градоначалникот на Град Скопје истакна дека оваа акција претставува почеток на нов пристап кон одржувањето на градот, каде редот, чистотата и одговорноста ќе станат секојдневие. Тој нагласи дека институциите ќе продолжат со систематски активности во сите општини, со цел создавање на почиста и поуредена урбана средина.

    „Чистата животна средина не е луксуз, туку основно право на секој граѓанин. Градот може да чисти, но вистинската промена доаѓа кога сите заедно ќе ја преземеме одговорноста“, порача градоначалникот.

    Од Градот потенцираат дека акцијата ќе продолжи со засилено темпо и во наредниот период, а за непочитување на правилата ќе следуваат соодветни санкции. Воедно, се упатува апел до граѓаните да придонесат со одговорно однесување, да го чуваат јавниот простор и да не фрлаат отпад на несоодветни места.

    Од Град Скопје веруваат дека грижата за животната средина и подобрувањето на квалитетот на живеење остануваат врвен приоритет во нивното работење.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.