Синчето на Борко Ристовски, најде 500 евра во маркет на Водно, а неговата мајка, Нина Ристовска, сподели фотографија со информацијата на социјалните мрежи, за да се најде сопственикот.
-Душан најде 500 евра. Ќе ми биде драго сопственикот да се врати по своите пари кои им ги дадовме на касиерките. Не знам дали ќе го препознаат само од камери и ќе го побараат, само да се рашири информацијата, напиша Нина.

