ФОТО: Пукање пред Градска болница - влетал со „голф“, па извадил пиштол

Неколку минути после пладне денеска, имало пукање пред болницата „Свети Климент Охридски“ во центарот на Скопје, односно поранешната Градска болница.

Едно лице е повредено и веднаш хоспитализирано, пренесува Локално.

Возило од марката „Голф 5“ влетало болницата, а потоа и едно лице извадило пиштол и го вперило во полицијата.

Неофицијално, станува збор за нерасчистени сметки помеѓу две семејства, по што следувало обид за убиство прво во населбата Цементара.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега