Царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на двајца македонски државјани – сопружници, пронајдоа 68 илјади австралиски долари.

„Иако со себе носеле поголема сума на девизи, наместо да се упатат на црвениот канал, тие се упатиле на зелениот, наменет за патници кои немаат ништо за пријавување. Патниците се селектирани за детална контрола при што се пронајдени непријавените девизи.

Согласно Законот за девизно работење, поединечно им се вратени девизи во противредност од по 10 илјади евра (вкупно 33 илјади австралиски долари), а преостанатите 35 илјади австралиски долари се запленети.

Царинската управа во континуитет презема активности насочени кон спречување на нелегален прекуграничен пренос на готовина“, соопшти Царинската Управа.

Exit mobile version