Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода 46-годишниот Е.К. од Скопје.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и 20 фалсификувани банкноти од по 100 денари.

Е.К. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version