ФОТО: Падна дрво во Центар- Дете лесно повредено

Во близина на училиштето „Коле Неделковски“ синоќа паднало повеќегодишно стебло и при тоа повредило дете. Детето се спасило само поради тоа што дрвото паднало врз непрописно паркирана кола и не му нанело тешки и животозагрозувачки повреди.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, за Либертас информираше дека детето за среќа е само изгребано и нема посериозни повреди, а се огласи и на Фејсбук.

 -Вчера, во непосредна близина на влезот на ООУ Коле Неделковски, падна уште едно дрво. При извршениот првичен увид, дрвото е паднато поради исушените корени, исто како дрвото кое падна пред некој ден на улицата Орце Николов.

 Екипи на ЈП Паркови и Зеленило и службите од Општина Центар го отстранија паднатото дрво кое оштети едно возило. Дрвото, како што се гледа на сликите, има зелени лисја, здраво стебло, но нарушен коренов систем поради кој што може да падне и без посилен ветерн напиша на Фејсбук.

 

24.07.2021 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега