Стојче Ѓоргиев (39) од Грдовци, кочанско, е лицето кое било смртно претепано во Љубљана.
Веста за трагедија ја потврдија и од МНР, од каде велат дека случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција.
Ѓоргиев бил сурово тепан од најмалку две лица во центарот на Љубљана, а подоцна им подлегнал на повредите во болница.
Погребот ќе буде утре во родното село Грдовци.
Тој работел како градежен работник, а во Словенија живеел 17 години.