(ФОТО) Николовски: Отсекогаш сонував да бидам актер, за да бидам излез од секојдневното сивило на многумина

Младиот и талентиран глумец, Стефан Николовски, со потекло од Велес, имаше за задача да ги насмее присутните до солзи на 15-годишнината од постоењето на магазинот „Бекстејџ“.

Тој за Прес24 открива дека бил многу среќен, но истовремено чувствувал и голема одговорност да се реализира во улогата водител на овој настан.

-Екипата на „Бекстејџ“ ме запозна и имаше можност да ме гледа на манифестацијата „Питијада“ во мојот роден град Велес, па одлучи да ми ја додели улогата на водител на нивниот, би рекол, најважен настан. Се заблагодарив од срце и прифатив, но знаев дека одговорноста е голема. Морам исто така и да и’ се заблагодарам на публиката којашто ме прифати одлично. За еден млад актер којшто е на самиот почеток од својата кариера, премногу значи таа поддршка од публиката и ме мотивира да работам многу повеќе, изјави Николовски за Прес24.

Младиот актер на црвениот тепих се појави со понежна половина Тијана Темелков.

-Отсекогаш сонував да бидам актер кој ќе му служи на народот како излез од секојдневното сивило, но и максимално се трудам публиката којашто ме гледа да биде што повеќе насмеана, изјави Николовски за нашиот медиум, којшто веќе дипломирал на Факултетот за Драмски Уметности (ФДУ) во Скопје.

Велешанецот прецизира дека го исполнувала комедијата, но сепак зад себе има различни аматерски ангажмани, најразлични улоги и бил дел од голем број на претстави.

„Публиката сигурно ќе има прилики да ме гледа и во друг жанр покрај комедиите и стенд-ап настапите“, додава Николовски.

Во моментов работел на две претстави во велешкиоттеатар.

„Една од нив е монодрама којашто ја започнав со работа пред седум дена. Двете претстави би требало да доживеат премиера до крајот на годинава. Дотогаш со публиката ќе се дружам како и до сега, на социјалната мрежа „Инстаграм“ и полека, но сигурно и на стенд-ап сцената. Исто така во наредниов период публиката ќе има прилика и да ме види во првата македонска крими серија “Бистра Вода”, прецизираше Николовски.

02.11.2022 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега