Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски од Битола
    • Избегал од затвор во Струмица па ја киднапирал бившата во Шуто Оризари
    • 17-годишна девојка физички и психички малтретирала од невенчниот супруг и неговите мајка и сестра
    • Семејна драма во Тетово: Со нож ѝ се заканувал на мајка си и уште една роднина
    • Тетовец тепал 11-годишно дете
    • Алкохолот поскапел најмногу: 2,7% инфлација во септември
    • Дизелот под поголем притисок од суровата нафта, ризик од ново поскапување и во Македонија
    • Каранфилова – Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Неексплодирани гранати пронајдени во двор во Дојран и на брегот на Преспанското Езеро

    (ФОТО) Неексплодирани гранати пронајдени во двор во Дојран и на брегот на Преспанското Езеро

    10.10.2025 во 15:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на последните две недели беа пронајдени неексплодирани убојни средства од Првата светска војна на два локации во јужниот дел на земјата. Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување извршија безбедно подигнување и обезбедување на пронајдените НУС.

    На 20 септември 2025 година, околу 11:30 часот, пиротехничарот Ѓорги Стефанов од Подрачното одделение Битола на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) подигна минофрлачка граната калибар 75mm од дворно место во с.Фурка, Oпштина Дојран. Гранатата била откриена при изведување градежни работи. Според првичните сознанија, станува збор за проектил со армирана запалка кој бил испукан, но не ја завршил целта. Дојавата за пронаоѓањето била преку Центарот за управување со кризи (ЦУК) – Валандово до Подрачното одделение на ДЗС Валандово.

    На 2 октомври 2025 година, исто така во 11:30 часот, истиот пиротехничар од Подрачното одделение (ПОЗС) Битола на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) по пријава од случајни минувачи до ДЗС Ресен и Полициската станица Ресен, од брегот на Преспанското Езеро кај с.Отешево подигна три артилериски гранати калибар 75mm и едно панцирно зрно калибар 35mm. Едната од гранатите била без запалка, додека за другите две постои висока веројатност — проценета на околу 95% од стручни лица — дека се со хемиско полнење, што ја зголемува потребата од внимателно постапување и понатамошна анализа.

    Пронајдените проектили ќе бидат безбедно транспортирани и уништени на воениот полигон „Криволак”.

    Прочитај повеќе

    Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски од Битола

    07.10.2026 во 13:50

    Избегал од затвор во Струмица па ја киднапирал бившата во Шуто Оризари

    07.10.2026 во 13:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.