Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: „На небото те чека другарка, знаеш ти која” – Водителката која помина низ хорор се прости од Ведрана Рудан

    ФОТО: „На небото те чека другарка, знаеш ти која” – Водителката која помина низ хорор се прости од Ведрана Рудан

    19.08.2026 во 08:333 Mins Read
    Принтскрин, HRT1 видео, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Веста дека починала писателката Ведрана Рудан потресе многумина, а бројни познати личности преку социјалните мрежи се простуваат од неа.

    Водителката на телевизијата Пинк, Деа Ѓурѓевиќ, го чува споменот на починатата писателка, па сега се огласи со потресни зборови. Таа најпрво сподели еден од познатите цитати на Ведрана, а потоа упати и последна порака до хрватската писателка.

    -„Нема толку скапа крема против брчки што на жената може да ѝ го испегла промашениот и несреќен живот“, стои во споделениот цитат од Ведрана Рудан.

    Веднаш под цитатот, Деа ги напиша следните зборови:

    -„Сите нè советуваше да бидеме доволни сами на себе, а луѓето околу нас да ги избираме според тоа колку нè прават среќни. Беше жена која смееше да каже сè и секогаш. Живееше по свое, така и замина, како легенда, никогаш како жртва. На небото те чека другарката, знаеш ти која“, напишала водителката.

    Во следната објава, водителката споделила уште еден цитат на Ведрана:

    -„Не барам да ме сакаш поради она што сум. Доволно ми е да ме почитуваш поради она што не сум подготвена да го променам.“

    Деа Ѓурѓевиќ, Принтскрин

    Да потсетиме, Ведрана Рудан на почетокот на мај 2024 година објави дека боледува од рак. Оттогаш, одвреме-навреме споделуваше детали од својата тешка борба.

    -„Мојот рак е е*бено редок, се вика рак на жолчните канали, ми се чини. Не го прочитав ниту отпусното писмо, ниту типот, ниту прогнозите на интернет. Додуша, некаде налетав на информација дека од првите симптоми до смртта имаш дури три месеци за да го изневериш сопругот, да ги разграбиш децата од наследството или да му кажеш на љубовникот да оди во к**ац. И не е некој рок“, напишала таа тогаш.

    Инаку, Деа Ѓурѓевиќ на 7 февруари 2019 година доживеа тешка сообраќајна несреќа во Белград, пред Клиничко-болничкиот центар „Др Драгиша Мишовиќ“. По помал судир со друг автомобил, таа излегла од возилото, по што на неа налетал автобус и ја влечел неколку метри. 

    Во несреќата Деа се здобила со тешки повреди на левата рака, а лекарите се бореле да ѝ го спасат екстремитетот. Следувале повеќе од 20 операции, вклучително и сложени хируршки интервенции. Во текот на лекувањето таа имала и критични моменти, а лекарите во еден период ја подготвувале и за најлош исход. 

    По долгата борба и рехабилитација, таа успеала да ја поврати функцијата на раката и постепено да се врати на секојдневниот живот и професионалните обврски. Нејзината приказна денес често се наведува како пример за голема упорност и борбеност по тешка животна траума. 

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.